Лилит и Амон Мра – магија на сцената на Караванот на слободата

Дел од програмата на спектакуларниот концерт на Караванот на слободата на 1 октомври во Скопје беа и енергичните Лилит и Амон Мра, чии магични и езотерични звуци комбинирани со жестоки рифови ги однесоа присутните на сквер Јадран на едно несекојдневно музичко патување. Нивниот настап, на кој беа претставени песни и од новиот материјал и звук на бендот но и старите хитови, го проследи многубројната публика, која танцуваше и пееше во ритамот на слободата.

Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува. Во продолжение следи дел од атмосферата за време на настапот на Лилит и Амон Мра.

Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.