Кристина Арнаудова ја понесе публиката на скопскиот концерт на Караванот на слободата

Настапот на Кристина Арнаудова ја разгоре атмосферата на завршниот спектакуларен концерт на Караванот на слободата, кој се одржа минатата сабота, на 1 октомври во Скопје.

Нејзината спонтаност и комуникцијата со публиката ја разбранува позитивната енергија уште на самиот почеток на целовечерниот спектакл на Јадран сквер, на кој настапија повеќе популарни бендови, поети и визуелни уметници од земјава. Во продолжение е видео записот од нејзиниот перформанс.

Концертот во Скопје е дел од Караванот на слободата кој ЦИВИЛ го организираше изминатите три месеци. Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.