Шутка Рома Рап со маестрален финиш на Караванот на слободата

За одличниот финиш на серијата големи мултимедијални настани со скопскиот концерт на Караванот на слободата, заслужни се уникатните Шутка Рома Рап, на чии стихови и ритам никој не може да остане рамнодушен. Нивниот едночасовен перформанс на крајот на неколкучасовниот концерт на Јадран сквер донесе многу музичка виртуозност, забава, хумор, што повторно ја разигра и развесели присутната публика. Во продолжение е видео записот од нивниот феноменален настап.

Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.

Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.