Експлозивни рифови и стихови – Мугер Фугер го кренаа Јадран сквер на нозе!

Мугер Фугер – момците кои се препознатливи по испреплетувањето на повеќе музички жанрови во своите песни приредија незаборавна забава на скопскиот концерт на Караванот на слободата кој се одржа на 1 октомври. Преку нивниот енергичен настап тие потврдија дека човековата слобода им е подеднакво важна колку и слободата на нивниот музички израз. Во продолжение следува видео запис како дел од незаборавната журка која и ја приредија на скопската публика.

Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.

Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.