Караванот на слободата со програма и на Дримон фестивалот во Струга

Post Image

Утревечер, (сабота 30 јули), на плоштадот во Струга, во рамките на Дримон фестивалот, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Караванот на слободата ќе настапат со своја програма. Настанот започнува во 20 часот со ди-џеј сет на CIVIL Art Crew. Ќе следуваат поетски читања на Елена Пренџова и Теута Ајдини – Јегени, видео проекции на прилози на серија на наградени граѓански новинари, како и проекција на видео – арт филмот „Жнејачот “ на Џабир Дерала.   Continue reading

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

Post Image

Дефинирани се локациите и датумите на големите концерти на Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД. Continue reading

Поддржувачите на Караванот на слободата со пораки за слободата

На промоцијата на проектот Караван на слободата, кој го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД, присуствуваа голем број уметници – музичари, поети, сликари… Дел од нив, во кратки видео изјави потенцираа што за нив претставува слободата.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и да го мотивира и мобилизира граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.

Тргна Караванот на слободата, одржани промоции во Скопје, Тетово, Прилеп и Струмица

Post Image

Караванот на слободата, кој со поддршка на УСАИД го спроведува ЦИВИЛ – Центарот за слобода, стартуваше и официјално минатата недела со скопската промоција во „Менада“.  На прес – конференцијата за медиумите, беше најавен проектот, предвидените активности, како и можноста за вклучување на сите оние кои создаваат ангажирана уметност. Continue reading

Караванот на слободата на ЦИВИЛ во медиумите

Post Image

Со целодневен мултимедијален настан и прес-конференција, која се одржа на 21-ви јули во „Менада“, официјално започна проектот Караван на слободата, во имплементација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД. Continue reading

Караван на слободата во Струмица

ЦИВИЛ – центар за слобода на 22.07.2016 во попладневните часови во Малиот парк во Струмица одржа прес-конференција за претставниците на локалните и регионалните медиуми и за дописниците на националните медиуми, на која што беше промовиран проектот Караван на слободата, поддржан од УСАИД. Continue reading

За мене слободата е…

Активистите на невладината организација „Сонце“ Имрија Беќири, Шенал Јакупи и Шенај Рустеми од Тетово на промовирањето на Караванот на слободата во Тетово, преку видео изјава ги изразија своите мисли за тоа што за нив претставува слободата. Continue reading

Караванот на слободата утре во Прилеп, Тетово и Струмица

Караванот на слободата, проект кој во наредните три месеци ќе го реализира ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД, во текот на утрешниот ден, ќе биде промовиран во Прилеп, Тетово и Струмица.  Continue reading