Формирани се како панк група во 1988. Во тоа време бендот настапува во повеќе клубови во Скопје и во Приштина. По успешниот почеток, настапи период на мирување и потоа бендот се реоформи во 1993 година, овојпат експериментирајќи со различни музички стилови. Во 1998 година во нивниот звук ја инкорпорираат и виолината, со што направија комплетна трансформација на звукот на бендот, воведувајќи еден нов музички стил кој стана препознатлив под името Oversky Balkanische ReForm. Првиот албум е издаден во 1999 едноставно насловен Бла Бла Бла. Досега настапувале на многу концерти и фестивали во земјата и странство. Моментално бендот го спрема и својот втор албум, чие издавање се очекува наскоро. Членови на бендот се Идриз Амети, Кренар Исмаили, Арсим Иљази и Егзон Лека.