Këpurdhat се формирани во 2013 година од тапанарот Адмир Ибраими, а потоа се придружуваат Арбер Ибиши на бас, Флорим Шемси на гитара и Шпетим Лутфиу како вокал. Идејата на почетокот е да реализираат авторски песни и таа оригиналност се рефлектираше на првиот сингл PSE и потоа на првиот албум Fajtu. Првиот албум е снимен во Студио М во Нови Сад, во соработка со Converse Rubber Tracks и ирскиот продуцент Allan O¨Connell. Музиката на Këpurdhat ќе ве пренесе од реалност во сон. Во моментот бендот работи на својот втор албум.