Свири од своја 5-та година. Тој е поранешен член на Бла Бла Бла… (1988-1999). Од 1999 до 2014 речиси неактивен. Во 2014 го снима својот прв Албум FLY (PMG Recordings) проследен со промотивен концерт во МКЦ истата година. Гитарата, којашто има посебен штим, ја третира на неконвенционален и интуитивен начин со посебни чуства. Композициите се автентична мешавина на неколку стила како рок, блуз и класика коишто се вкоренети во длабок ориентален мелос, зачинети со балкански фолк чија што цел е создавање на посебен композиционен плод/мелодија. Настапувал на неколку настани: Скопско Лето 2014 (Сули Ан); Giffoni Festival Италија;  Алтернативно Скоје; Земјотрес, Дрим Он Струга; Кокино и многу други домашни и странски фестивали.