Караванот на слободата во Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци

Post Image

Утре, (среда, 10 август 2016), Караванот на слободата ќе допатува до Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци. Настаните ќе започнат во 14 часот во центарот на Валандово, Богданци и Дојран со ди-џеј сетови и проекции на артистите и презентации од страна и активистите на Караванот за претстојните настани и нивниот распоред. Караванот потоа ќе продолжи кон Гевгелија, каде во текот на денот и вечерта ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

Инаку, и Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата.На сите инфо-штандови, кои во наредните два дена, 10 и 11 август, ќе ги посетат општините Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија, ќе бидат поставени и кутии за донации за настраданите од поплавите, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Leaflet Strumica 02a

Од Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Струмица, кој се одржува ден потоа, во четврток, 11 август. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.