Идриз Амети, „Бла Бла Бла…“: Слободата е чувство!

„Бла Бла Бла…“ се рок бенд од Скопје. Формирани во 1988 година, по речиси тридецениско опстојување на рок сцената, до сега имаат издадено повеќе албуми и забележано повеќе самостојни концерти, како и настапи на десетици големи фестивали во земјата и надвор од неа. Кај публиката во регионот уживаат статус на култен бенд, кој не кокетира со популарноста и не прави компромиси со својата уметност. Честопати со нивните настапи демонстрирале општествен ангажман. Последен пат тоа беше со нивниот самостоен концерт минатата година, на кој собираа средства за бегалците од Сирија, а учествувале и во многу граѓански иницијативи, проекти и концерти посветени на мирот и соживотот, како и на правата на лицата со посебни потреби. Continue reading