Најчевска: Забраната е предвидена во правилата, не – слободата!

Многу често, посебно во овие држави кои што произлегле од поранешниот социјализам, ние многу наопаку ги вртиме работите и велиме – дозволено ни е сè што е дадено во закон. Не, тоа не е така. Дозволено ни е сè, освен она за што сме се договориле дека не е дозволено. Забраната е предвидена во правилата, не – слободата. Слободни сме апсолутно, освен за оние работи за кои сме се договориле дека ќе претставуваат моја граница. Тоа е основниот проблем во Македонија – неразбирањето на тоа дека можеме да правиме многу работи, независно од тоа што тие работи не се нормирани, не се дадени во законите. И на централно и на локално ниво и во секојдневниот живот…“, рече професорката Најчевска на дебатата на „Караванот на слободата“ во Штип, „Македонија: со или без слобода“ Continue reading

Дебата во Штип: Послушни луѓе не можат да бидат слободни!

Post Image

„Слободата е апсолут кој има само две граници. Тоа се слободата на другиот и правилата кои ги создаваме на овој степен од цивилизацијата“, посочи Мирјана Најчевска, една од говорниците на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која денеска како дел од Караванот на слободата се одржа во Штип. Continue reading