Кристина Арнаудова, музичарка: Секој има право на свој став!

Кристина Арнаудова е поп-пејачка и авторка, која е присутна на големите концертни и фестивалски сцени во земјава речиси две децении. Се опишува себе си како перфекционист, дисциплиниран работник и човек со принципи, од кои тешко отстапува. Таа е уметница, која е свесна за својата улога во општеството како јавна личност и токму од тие причини инсистира јавно да ги сподели своите ставови, особено нагласувајќи ги нештата со кои не се согласува.

По повод нејзиниот настап на Караванот на слободата на завршниот концерт во Скопје, на 1 октомври, со неа зборуваме за уметноста, слободата и влијанието на уметниците во општеството. Continue reading

Слободата татнеше во Куманово

Post Image

„Добро вечер Куманово! Кога ќе се соберат повеќе луѓе од различни, национални, религиозни, полови определби на едно место да уживаат во моментот и во музиката – е тоа е слобода!“ – извика Тони Зен, кралот на рапот, како што го најавија неговите колеги од Шутка Рома Рап, го започна својот енергичен настап, а она што се случуваше на плоштадот во Куманово беше само потврда на неговите зборови. Continue reading