Во четврток, 22 септември 2016, Караванот на слободата ќе ги посети општините Чешиново, Карбинци, Кочани, Радовиш и Свети Николе, каде ќе се промовира големиот мултимедијален настан, кој ќе се оддржи наредниот ден, 23 септември, во Штип. Настаните ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Штип, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Чешиново, Карбинци, Кочани, Радовиш и Свети Николе каде, активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Кочани ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот. Continue reading →