Караванот на слободата со благодарност до градоначалниците – домаќини

Post Image

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули. Continue reading

Музика, бои и стихови на слободата во Струмица

Post Image

Караванот на слободата пристигнува во Струмица со голем мултимедијален настан денеска. Во Градскиот парк, кај Споменикот на револуцијата, со почеток во 15 часот ќе се одржат работилници на познати визуелни уметници, како и работилници за граѓанско новинарство, поетски перформанси и голем концерт до нешто пред полноќ.  Continue reading

Сеад Хаџиќ, музичар: Уметноста е жртва

Мугер Фугер е македонски инди-рок бенд формиран во 2004 година. Името на бендот произлегува од аналогните педали „Мooger fooger“. Препознатливи се по испреплетувањето на повеќе жанрови и влијанија од неопсиходеличната музика, пост панкот, алтернативната музика, фанкот и рапот. Тие се бенд кој успева да направи симбиоза на она што навидум е неспоиво, преку соработка реализирана со силни индивидуалци. Пред нивниот настап на концертот на Караванот на слободата во Струмица на 11ти август,  со Сеад Хаџиќ – Сецко, идеен творец на бендот, зборуваме за уметноста и слободата. Continue reading

Бесплатен превоз за настанот на Караванот на слободата во Струмица

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Валандово, Богданци и Гевгелија за големиот мултимедијален настан во Струмица на 11 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected].

Continue reading

Караванот на слободата во Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци

Post Image

Утре, (среда, 10 август 2016), Караванот на слободата ќе допатува до Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци. Настаните ќе започнат во 14 часот во центарот на Валандово, Богданци и Дојран со ди-џеј сетови и проекции на артистите и презентации од страна и активистите на Караванот за претстојните настани и нивниот распоред. Караванот потоа ќе продолжи кон Гевгелија, каде во текот на денот и вечерта ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

Инаку, и Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата.На сите инфо-штандови, кои во наредните два дена, 10 и 11 август, ќе ги посетат општините Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија, ќе бидат поставени и кутии за донации за настраданите од поплавите, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Leaflet Strumica 02a

Од Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Струмица, кој се одржува ден потоа, во четврток, 11 август. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

 

Караванот на слободата со втор голем концерт и настан во Струмица

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – центар за слобода и УСАИД продолжува со серијата големи концерти и мултимедијални настани. Мугер Фугер (Mooger Fooger) , Сетстет (Sethstat), Уајп аут (Whipe Out) и ДЈ Тед Детман (DJ Ted Dettman) се дел од артистите, кои ќе настапат на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Струмица, закажан за четврток, 11 август, кај Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица. Continue reading

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

Post Image

Дефинирани се локациите и датумите на големите концерти на Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД. Continue reading

Тргна Караванот на слободата, одржани промоции во Скопје, Тетово, Прилеп и Струмица

Post Image

Караванот на слободата, кој со поддршка на УСАИД го спроведува ЦИВИЛ – Центарот за слобода, стартуваше и официјално минатата недела со скопската промоција во „Менада“.  На прес – конференцијата за медиумите, беше најавен проектот, предвидените активности, како и можноста за вклучување на сите оние кои создаваат ангажирана уметност. Continue reading

Караванот на слободата на ЦИВИЛ во медиумите

Post Image

Со целодневен мултимедијален настан и прес-конференција, која се одржа на 21-ви јули во „Менада“, официјално започна проектот Караван на слободата, во имплементација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД. Continue reading

Караван на слободата во Струмица

ЦИВИЛ – центар за слобода на 22.07.2016 во попладневните часови во Малиот парк во Струмица одржа прес-конференција за претставниците на локалните и регионалните медиуми и за дописниците на националните медиуми, на која што беше промовиран проектот Караван на слободата, поддржан од УСАИД. Continue reading