Спектакуларно шоу на Тони Зен во Скопје

Енергичната слободарска атмосфера на последниот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата на сквер Јадран во Скопје дополнително се вжешти за време на настапот на популарниот хип-хоп артист Тони Зен, овој пат, придружуван со одличен бенд. Нивната квалитетна изведба и пораките испратени преку ангажираните текстови предизвикаа бурни емоции и реакции и не ги оставија рамнодушни многубројните посетители.

Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа во изминатиов летен период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.

Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани низ земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.

Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Тони Зен: Уметниците не се свесни за својата одговорност!

„Мислам дека уметниците не се свесни за својата одговорност. И јас не сум бил, во одредени моменти, воопшто. Сум бил насочен кон тоа да го претставам идентитетот на артистот, што на сите очигледно ни е целта. Не да се претставиме вистински, јас сум овој извор, оваа љубов, оваа слобода сум јас… Не, цело време  низ идентитети… Овие ќе ме видат, па морам ова да го кажам, вака да изгледам… И, автоматски, уметниците го прават тоа што го сака таа дисфункционалност на свеста да го види. Со исклучок на уметници и артисти кои будно творат, работат, пренесуваат пораки, но малкумина се“, рече музичарот Тони Зен на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која како дел од мултимедијалниот настан  на Караванот на слободата се одржа во Штип.    Continue reading

Жешка атмосфера на Караванот на слободата во Штип

Post Image

Позитивна енергија, жешка атмосфера и разиграни штипјани е епилогот од синоќешниот концерт во Штип. Студеното време не претставуваше пречка за многубројната публика, на плоштадот во Штип, да ужива во шестиот мултимедијален настан на Караванот на слободата. Одличните настапи на „Бла Бла Бла…“, „Стринг Форсис“ и Тони Зен ги разиграа штипјани и предизвикаа громогласни аплаузи.  Continue reading

Дебата во Штип: Послушни луѓе не можат да бидат слободни!

Post Image

„Слободата е апсолут кој има само две граници. Тоа се слободата на другиот и правилата кои ги создаваме на овој степен од цивилизацијата“, посочи Мирјана Најчевска, една од говорниците на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која денеска како дел од Караванот на слободата се одржа во Штип. Continue reading