Стотици велешани на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата

Post Image

Караванот на слободата , минатиот петок, на 5 август 2016, го одржа својот прв голем мултимедијален хепенинг во Велес.
На тричасовната концертна програма, под наслов „Музика на слободата“, се најдоа Бени и Нон Стоп, Лазар Ставров (Д’ Гандис) и Ле Ман. Нивните настапи беа ретко доживување за велешката публика, која го наполни Амфитеатарот и Младинскиот парк во овој град. Continue reading

Концерт на Бени и Нон Стоп: Ако имаме слобода, имаме сé

Бени и Нон Стоп, настапија на Караванот на слободата на 5 август во Велес. Околу час и половина ги забавува велешани со своите хитови меѓу кои и најновата песна „Нема правда, нема мир“.  Continue reading

Ле Ман: Со кренати раце за слободна Македонија

Пред домашната публика, велешаните „Ле ман“, во духот на слободата одржаа едночасовен концерт како дел од мултимедијаниот настан „Музика во боја“на Караванот на слободата во Велес, август 2016. Continue reading

Лазар Ставров: Слободата на интелектот не може да ви ја одземе никој!

На мултимедијаниот настан „Музика за слободата“ во Велес , како дел од Караванот на слободата, Лазар Ставров од бендот Д’ Гандис, покрај изборот од ангажирани песни за слободата од светски познати музичари, се претстави и со авторски песни, меѓу кои се најде и последниот сингл “Шарен крај“ инспириран од неодамнешната Шарена револуција. Continue reading

Бени Шаќири: Човек ако нема слобода, нема ништо

Бени и Нон-Стоп е бенд кој успешно опстојува на сцената повеќе од 15 години, со свој препознатлив звук и стил. Покрај фактот што денес се еден од најпрепознатливите имиња на македонската рок сцена, овие момци преку својата музичка приказна совршено говорат за нивната свесност и општествена ангажираност. Continue reading

Самоил Стојановски, актер: Сами си ја ограничуваме слободата!

Самоил Стојановски е роден 1970 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности – Скопје во класата на проф. Владимир Милчин. На театарската сцена опстојува повеќе од три децении и има огромно сценско искуство со оглед на фактот дека е дете на даските што живот значат. Настапувал на многу домашни и меѓународни фестивали како „Стеријино позорје“ – Нови Сад, „МЕСС“ – Сараево, „Гавелини вечери“ – Загреб, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп… Се јавува како организатор во проектите „Крајот на играта MMI“ (2001) и „Подзатворена врата“ (2003), како асистент на проектите „Подзатворена врата“, „Филип Втори“ (2007) и „Децата на сонцето“ (2009).  На Караванот на слободата на 5 ти август во Велес ќе настапи со монологот на Робеспјер од драмата „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, изведуван за време на студентските протести во Белград во 1968 година. Continue reading

За мене слободата е…

Активистите на невладината организација „Сонце“ Имрија Беќири, Шенал Јакупи и Шенај Рустеми од Тетово на промовирањето на Караванот на слободата во Тетово, преку видео изјава ги изразија своите мисли за тоа што за нив претставува слободата. Continue reading

Караванот на слободата утре во Прилеп, Тетово и Струмица

Караванот на слободата, проект кој во наредните три месеци ќе го реализира ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД, во текот на утрешниот ден, ќе биде промовиран во Прилеп, Тетово и Струмица.  Continue reading