Независниот македонски театар во меѓународен поход

Актерот Перо Арсовски и режисерката Нина Николиќ, продолжуваат да жнеат успеси со својата независна театарска продукција и претставата „Разговор во четири очи“, поставена според драмскиот текст на Ингмар Бергман. Тие утре заминуваат на две гостувања, во Белград, Србија и на меѓународен фестивал во Русија. Одличен повод за разговор со овие наши истакнати уметници, кои ни откриваат детали за нивните последни ангажмани.
Актерот Арсовски и режисерката Николиќ не информираат за нивните последни проекти. Николиќ вели дека е мошне среќна што со независна продукција успеваат да се наметнат и да дојдат до израз на меѓунардоната театарска сцена. Искусниот татарски волк Арсовски, пак, го изрази своето големо задоволство од начинот како бил прифатен од неговите помлади колеги и од оствареното на даските кои живот значат.

Претставата „Разговор во четири очи“ е независен проект во продукција Скопје Филм Студио, реализирана во ко-продукција со Македонскиот народен театар. Претставата беше одиграна премиерно во декември 2015 година.

Улогите во оваа драма на Бергман, освен Перо Арсовски, ги толкуваат и Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.