Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од
ЦИВИЛ - Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.
ЦИВИЛ - Центар за слобода е независна, невладина, непартиска и непрофитна организација, основана во 1999 година. Визијата на ЦИВИЛ – Центарот за слобода е слободен свет; свет во кој сите луѓе живеат во слободно, мирно и демократско општество.