„55 нијанси геј“


„ДАЛИ Е МОЖНО СЕКСУАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БАЛКАНОТ“

На 14 април, 2018, на малата сцена во новата зграда на МНТ, со почеток од 20 часот, во рамките на 11-то издание на Интернационалниот театарски фестивал„ Лица без маски“, ќе настапи косовскиот театар „Ќендра Мултиедиа“ ( „Центар Мултимедија“) со хитовската претстава „55 Нијанси геј“. Автор на претставата е познатиот Јетон Незирај, а режијата е на докажаната Блерта Незирај.

Во претставата е раскажана приказна за еден геј пар кој сака да стапи во брак во конзервативен провинциски град, кој е длабоко хомофобичен. Тие го поднесуваат своето барање во време кога италијанското здружение „Дон Боско“ започнува со изградба на фабрика за производство на кондоми во градот, проект кој е финансиски поддржан од Европската Унија и е наменет за олеснување на невработеноста, која во тој град е на ниво од 90 %. Интелектуалците, уметниците, политичарите, верските лидери и професионалните лансери за гранати се обидуваат да го спречат овој брак да се случи, и покрај фактот што истополовиот брак е дозволен со уставот на земјата, кој премиерот го потпиша според инструкциите на ЕУ.

„55 нијанси на геј“ е бурлеска приказна за ЛГБТИ политиката на Балканот и Европа. Локалните балкански политичари се обидуваат да ги манипулираат и измамат официјалните претставници на ЕУ, хуманитарните платеници на меѓународни невладини организации често го искористуваат хомофобичното опкружување за да соберат средства, за да можат да ги спроведат своите социјални и образовни проекти (како што се работилници и семинари за употреба на кондоми), додека ЕУ службениците, користејќи ја нивната супериорна финансиска и политичка позиција, се обидуваат да ги потчинат сите.

 

Во оваа тројство (манипулација, злоупотреба, потчинување], прашањето поставено од претставата е: Дали е можно сексуално ослободување на Балканот? Или, дали Балканот може да започне „Балканска пролет на сексуалната револуција”?

Во претставата игра докажана актерска екипа од Косово: Тристан Халилај, Бујар Ахмети, Шенгил Исмаил, Семира Латифи, Алкета Силај, Луан Дурмиши (вокал). Сценографијата и костимите се на Себастијан Елрих, музиката на Ирена Поповиќ, а кореографијата е на Флориан Билбао.

Билети за претставата може да се набават на касата на Универзална сала, по цена од 200 денари.