Стефановски: Треба да се олесни животот на музичарите!

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски има низа конкретни предлози што ги адресира до Министерството за култура. На трибината на тема „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“ што синоќа се одржи во Џебното кино на Младинскиот културен центар, тој побара реформираното Министерство да има повеќе слух за проектите од урбаната музичка култура. Continue reading

Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

„Сметам дека рокенролот е маргинализирана уметност ако не и целосно игнорирана во последните 15-тина години, а се работи за многу сериозен фактор во културата, со потенцијал на слободарски дух, од којшто политичарите сфатија дека треба да се плашат да не се ослободи, па ни пуштаа магла цело време за минатото, за да не ја гледаат сегашноста и иднината!“. Со овие зборови, Тошо Филиповски, како еден од организаторите, ја отвори трибината „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, вчера во Џебното кино во МКЦ. Continue reading