„Бибер“ – раскази за помирувањето и наследството од војните

Post Image

Регионалниот конкурс за краток расказ „Бибер“, годинава се распишува по вторпат. Темата на конкурсот повторно е помирување, во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001.

Конкурсот е отворен за сите автори и авторки кои пишуваат на македонски, босански, црногорски, хрватски српски и албански јазик да ги испратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори и авторки, како и на оние кои досега немаат објавувано.

Рок за испраќање на расказите е 14 јуи 2017.

Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди. Жири-комисијата ја сочинуваат Татјана Громача, Фарук Шехиќ и Ким Мехмети.

Конкурсот го организира тимот на „Бибер“ во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

biber - 31052016
Промоција на збирката на кратки раскази „Бибер“, 31 мај 2016

Минатата година, промоцијата на трудовите кои беа испратени, покрај Белград и Сараево, се одржа и во Скопје. На промоцијата учествуваа авторите Симона Локвенец и Арсим Јонузи, како и Дорунита Баша, претставник на жири комисијата, а модератор беше Џабир Дерала од граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.