Алаѓозовски: „Да обезбедиме културна демократија во Македонија!“

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски најави нова стратегија за развој на културата и нов акциски план, на трибината на тема „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, што синоќа се одржи во Џебното кино на Младинскиот културен центар.

„Стратегискиот план на Министерството за култура, завршува во 2017, така што од 1 јануари 2018. тргнуваме натаму. Во првите три месеци ќе направиме ревизија, евалуација на таа културна политика, каква била, колку е успешна, што реализирала, а што не… И, во последниот квартал од годината, ќе направиме серија дебати што ќе треба да доведат до создавање на новиот стратешки и акциски план за работа на Министерството за култура“, вети министерот Алаѓозовски.

Во продолжение на дискусијата министерот ги истакна поентите, кои впрочем, се најавни правци за развој на културата во државата, која според него, од 2008 година до денес, бележи сериозен пад.

 

Текст и монтажа: Моника Талеска

Камера: Биљана Јордановска