Тони Зен: Уметниците не се свесни за својата одговорност!

„Мислам дека уметниците не се свесни за својата одговорност. И јас не сум бил, во одредени моменти, воопшто. Сум бил насочен кон тоа да го претставам идентитетот на артистот, што на сите очигледно ни е целта. Не да се претставиме вистински, јас сум овој извор, оваа љубов, оваа слобода сум јас… Не, цело време  низ идентитети… Овие ќе ме видат, па морам ова да го кажам, вака да изгледам… И, автоматски, уметниците го прават тоа што го сака таа дисфункционалност на свеста да го види. Со исклучок на уметници и артисти кои будно творат, работат, пренесуваат пораки, но малкумина се“, рече музичарот Тони Зен на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која како дел од мултимедијалниот настан  на Караванот на слободата се одржа во Штип.    Continue reading

Дебата во Штип: Послушни луѓе не можат да бидат слободни!

Post Image

„Слободата е апсолут кој има само две граници. Тоа се слободата на другиот и правилата кои ги создаваме на овој степен од цивилизацијата“, посочи Мирјана Најчевска, една од говорниците на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која денеска како дел од Караванот на слободата се одржа во Штип. Continue reading

Дебата на слободата во Куманово

Post Image

Уметничкото творештво низ песната на поетот, на пејачот и ликовната творба на сликарот примарно ја артикулира уметничката, а потоа општествената потреба за слобода. Цензурата во Македонија е евидентна, но одговорноста на уметниците и интелектуалците доаѓа до израз токму во вакви времиња.  Continue reading

Дебата во Кавадарци: Македонија е потоната во сивило!

Post Image

Големиот мултимедијален настан кој како дел од Караванот на слободата, во петокот се одржа во Кавадарци, започна со дебатата на тема „Македонија: со или без слобода“. Во дебатата учествуваа Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка, Жарко Стеваноски, адвокат, Ненад Јовановиќ, граѓански активист и Душко Груевски од здружението на граѓани „За нас се работи“. Continue reading