Овој петок и сабота, на 28 и 29 април во Скопје, се одржува несекојдневен фестивалски спектакл на живи статуи – „Урбан Фест“, во организација на „Театроск“ – продукција за улична уметност од Скопје. Во двата фестивалски дена, артисти од речиси цела Европа, кои се веќе со години успешни и докажани на светско ниво во областа на уметноста на живите статуи, ангажирани преку целата година на најразлични фестивали.
Во разговор со организаторите на Урбан фест, откриваме дел од деталите на програмата и целите на овој настан.Војо Цветановски, познат актер и пантомимичар, воедно еден од „моторите“ на овој најнов фестивал на скопската сцена, се надева дека тој ќе прерасне во традиција. Continue reading →