Урбан фест: Живи статуи, музика и улична уметност идниот викенд во Скопје

Post Image

На 28 и 29 април (петок и сабота) во Скопје за првпат ќе се одржи несекојдневен фестивалски спектакл на живи статуи – „Урбан Фест“. Фестивалот е под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ – продукција за улична уметност од Скопје.

Во двата фестивалски дена, артисти од речиси цела Европа, кои се веќе со години успешни и докажани на светско ниво во областа на уметноста на живите статуи, ангажирани преку целата година на најразлични фестивали.

urban fest

Фестивалот започнува во петок во 19:00 часот. Ден потоа е предвидена целодневна фестивалска програма, почнувајќи од 13:30 часот, па се до полноќ.

Во текот на двата дена, живите статуи ќе настапуваат од 19 до 21 часот, распоредени на Скверот Јадран и околните улички. За време на петочниот перформанс и потоа, со свои музички сетови посетителите ќе ги забавуваат и DJ Оги и DJ Маци.

Програмата во сабота ќе започне попладне во 13:30 попладне со концерт на џез составот „Летечки Пекинезери“, а ќе настапат и „Европски Статуа Проект“, во кој свое учествуваат повеќе артисти кои директно ја анимираат публиката присутна на локацијата на фестивалот.

urban fest 1

Потоа, во текот на денот, свој музички сет ќе имаат и домашните DJ Бугимен и DJ Шурбе, а во 21 часот ќе започне концертот на популарните „Фолтин“.

На Урбан Фест ќе учествуваат и младите сараeвчани „Бетонци“, кои стекнаа регионална и европска слава со својата уметност на улични површини. „Бетонци“, во текот на двата фестивалски дена, ќе цртаат 3D ликовна уметност на плоштадот „Јадран“.