Караванот на слободата во полошкиот регион

Post Image

Караванот на слободата неделава, на 25 август (четврток) ќе допатува во општините Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште, Гостивар и Тетово. Настаните во четврток ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Тетово, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот во овој регион. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Гостивар, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Гостивар ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот. Continue reading