Хелоу, новинари!

Вчерашното доделување на наградите на Здружението на новинарите  на Македонија и отворањето на Клубот на новинарите протече во навистина весела атмосфера. По свечениот дел, настанот го збогатија и настапите на Пеце Суперхикс и Амон Мра со нивните бендови, кои освен одличната свирка, им пружија и многу забава и хумор на присутните.

Во еден дел од вечерта, инспириран од виралниот хит на Фчерашни новости „Хелоу“ кој деновиве жари и пали на социјалните мрежи, новинарот и музичар Петрит Сарачини – Мра ја изведе оваа песна, но во сосем нова, новинарска „обработка“.

Погледнете ја изведбата на „Хелоу новинари“ од вчерашното отворање на Клубот на новинари, кој во ново руво и со богати содржини претендира повторно да стане сврталиште на припадниците на седмата сила, но и на сите љубители на добрата музика и забава.