Започува шеснаесеттото издание на OFFest

Post Image

Шеснаесетото идание на OFFest започнува утре во 20 часот на сцената во Македонскиот народен театар, со звуците на Дамир Имамовиќ, босанскиот севдах-модернист и македонската група „Љубојна“.

Музичкиот фестивал ќе трае до 28 мај, а македонската публика ќе може да ужива во неодоливиот спој на Истокот и Западот, минатото и сегашноста, преку музичкиот колорит на италијаните Bella Ciao,  португалска фадо ѕвезда Жизела Жоао, авангардните Јужнокорејци Black String, Марја Нут, данското дуо Den Sorte Skole и претставувањето на издавачката етикета „Глитербит рикордс“ со двете нејзини вонсериски пројави – Кинг Ајисоба од Гана и Мавританката – Нура Минт Сајмали.

OFFest се одржува од 2002 година, како второ фестивалско издание кое прерасна од долгата традиција на Скопскиот џез фестивал и претставува музичко соединување на традиционалните, етно, фолк, урбани, современи, експериментални музички стилови од сите континенти.