Бесплатен превоз за настанот на Караванот на слободата во Штип

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Кочани, Чешиново, Облешево и Карбинци за големиот мултимедијален настан во Штип на 23 септември (петок), можат да се пријават на 02/5209176 и 075/389-698.
Автобусот во Кочани ќе ги чека посетителите од 17:00 кај трговскиот центар во Кочани, а оттаму поаѓа во 17:15 часот. Попатно ќе ги преземе патниците од соседните општини Чешиново, Облешево и Карбинци. Посетителите ќе пристигнат во Штип нешто пред почетокот на дебатата во 18:30, а ќе бидат вратени во своите градови веднаш по неговото завршување во 23 часот.
Граѓаните на овие општини можат да се пријават за да го искористат бесплатниот превоз на 02/5209176 и 075/389-698, или на штандовите на Караванот на слободата, кои денес (четврток 22 септември) ќе бидат поставени во Кочани од 17 до 20 часот.
Шестиот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи овој петок, на 23 септември, во Штип. Освен концерт на Тони Зен, „Стринг форсис“ и „Бла бла бла…“, настанот ќе донесе и поетски читања, интересна дебата, практична уметничка работилница на отворено, инфо штандови, ди-џеј сетови и видео проекции.
Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, до сега одржа пет големи мултимедјални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово и Куманово и посети над 30 општини низ земјата, нудејќи повеќе видови музички и уметнички настани, како и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.
Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.