Караванот на слободата ја започна промоцијата на скопскиот мултимедијален настан

Караванот на слободата од денес започна со активностите за промоција на големиот мултимедијален настан кој ќе се одржи на 1-ви октомври во Скопје. ЦИВИЛ – Центар за слобода постави инфо-штанд на улица „Македонија“ каде неколку часа граѓан(к)ите на Скопје можеа да се информираат за програмата на настанот и за целите на Карванот.
Минувачинте имаа можност да уживаат и во ди-џеј сетовите на CIVIL Art Crew, како и да учествуваат на фото и видео петицијата. Слични вакви, помали и поголеми настани, ќе се одржуваат секој ден, до сабота, низ повеќе скопски општини.
Караванот на слободата до сега одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип. Концертот во Скопје е завршниот настан на овој проект, поддржан од УСАИД.