Бендот е формиран во 1989 година, под името Ла Манш. Две години подоцна Ла Манш беше дел од централната прослава на осмостојувањето на Македонија  на плоштадот во Скопје. Во 1992 година го издаваат својот прв албум Јас и ти, во продукција на МРТВ. Во 1995 бендот престана да функционира за да повторно се собере по 17 години и сними нов сингл. Во 2014 година соработуваат и со фронтменот на Црвена јабука, Дражен Жериќ Жера. Во 2015 година бендот го менува своето име во Ле Ман.