Караванот на слободата со голем концерт во Велес

Post Image

Бени и Нон стоп, Ле ман и Лазар Ставров на Караванот на слободата во Велес. Првиот од серијата 9 големи концерти и 27 мултимедијални настани, што ќе ги реализира ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од УСАИД, е закажан за петок, 5 ти август,  во Младинскиот парк (Амфитеатар) во Велес. Continue reading

Караванот на слободата дел од програмата на „ДримОН“

Post Image

Со мултимедијален настан, којшто има цел да го искористи влијанието на уметноста и културата и да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество, Караванот на слободата од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во саботата (30 јуни) беше дел од четвртото издание на фестивалот „ДримОн“ во Струга. Тимот на ЦИВИЛ, во текот на денот делеше информативен материјал и разговараше со стружани, промовирајќи ги целите на Караванот на слободата. Мултимедијалниот настан се одржа вечерта со почеток од 20:00 часот на малата сцена на плоштадот во Струга. Continue reading

Караванот на слободата со програма и на Дримон фестивалот во Струга

Post Image

Утревечер, (сабота 30 јули), на плоштадот во Струга, во рамките на Дримон фестивалот, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Караванот на слободата ќе настапат со своја програма. Настанот започнува во 20 часот со ди-џеј сет на CIVIL Art Crew. Ќе следуваат поетски читања на Елена Пренџова и Теута Ајдини – Јегени, видео проекции на прилози на серија на наградени граѓански новинари, како и проекција на видео – арт филмот „Жнејачот “ на Џабир Дерала.   Continue reading

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

Post Image

Дефинирани се локациите и датумите на големите концерти на Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД. Continue reading

Поддржувачите на Караванот на слободата со пораки за слободата

На промоцијата на проектот Караван на слободата, кој го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД, присуствуваа голем број уметници – музичари, поети, сликари… Дел од нив, во кратки видео изјави потенцираа што за нив претставува слободата.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и да го мотивира и мобилизира граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.

Тргна Караванот на слободата, одржани промоции во Скопје, Тетово, Прилеп и Струмица

Post Image

Караванот на слободата, кој со поддршка на УСАИД го спроведува ЦИВИЛ – Центарот за слобода, стартуваше и официјално минатата недела со скопската промоција во „Менада“.  На прес – конференцијата за медиумите, беше најавен проектот, предвидените активности, како и можноста за вклучување на сите оние кои создаваат ангажирана уметност. Continue reading

Караванот на слободата на ЦИВИЛ во медиумите

Post Image

Со целодневен мултимедијален настан и прес-конференција, која се одржа на 21-ви јули во „Менада“, официјално започна проектот Караван на слободата, во имплементација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД. Continue reading

Караван на слободата во Струмица

ЦИВИЛ – центар за слобода на 22.07.2016 во попладневните часови во Малиот парк во Струмица одржа прес-конференција за претставниците на локалните и регионалните медиуми и за дописниците на националните медиуми, на која што беше промовиран проектот Караван на слободата, поддржан од УСАИД. Continue reading