В петок во Куманово – голем мултимедијален настан на Караванот на слободата!
31
Авг

На 2 септември во Куманово ќе се одржи четвртиот голем мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата. На големата сцена на Градскиот плоштад, кумановчани ќе уживаат во звуците на „Музиката на слободата“ отсвирена од Пеце „Суперхикс“, „Бла Бла Бла…“, Тони Зен и „Шутка рома рап“.
Меѓу главните активности на овој настан е и дебатата на тема „Македонија: со или без слобода“, која ќе започне од 18:30 часот во просториите на „Комитетот“ во Куманово. Continue reading