Дебата: Жените треба да бидат повеќе од квоти и сервис на партиите!
„Само со активна соработка меѓу граѓанскиот сектор и политичарките, може да се направи подобрување на ситуацијата со жените во политиката… Живееме во патријархално општество и тоа мора да си го признаеме, ако сакаме да ги промениме работите на подобро… Квотите се потребни, иако може на нив да се гледа и како на нужно зло, но поголемата вклученост на жените во политиката не е цел сама за себе…“ Ова се дел од пораките кои ги испратија учесничките на дебатата „Жените во политиката“, која како дел од Караванот на слободата, ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода. Continue reading