Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

„Сметам дека рокенролот е маргинализирана уметност ако не и целосно игнорирана во последните 15-тина години, а се работи за многу сериозен фактор во културата, со потенцијал на слободарски дух, од којшто политичарите сфатија дека треба да се плашат да не се ослободи, па ни пуштаа магла цело време за минатото, за да не ја гледаат сегашноста и иднината!“. Со овие зборови, Тошо Филиповски, како еден од организаторите, ја отвори трибината „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, вчера во Џебното кино во МКЦ. Continue reading

Заложби за културна ренесанса, со рок против турбо-фолк!

Post Image

Rock’n’Roll-от како soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија е темата на денешната трибина што ќе се одржи во џебното кино на Младинскиот културен центар, со почеток од 17 часот. Организатор на настанот е Центар за архивирање на македонската музика. Continue reading