„Аудиција“: Приказни, слики и звуци во движење

Театарската претстава „Аудиција“ e претставува творба на млади ентузијасти од Куманово, со цел да се прикаже секојдневието на младите луѓе од сите етнички припадности во Македонија, ќе се игра во сабота, на 28-ми јануари,  во Младинскиот културен центар (МКЦ),  со почеток во 20:00 часот.

Претставата е резултат на интеркултурна театарска програма, која има за цел активно вклучување на младите и чијашто подготовка претставуваше подолг процес, во кој, преку работилници за театар, се работеше на меѓукултурно учење и на тимска работа, со користење методи на неформално образование.

Претставата е дел од активностите на проектот КУ ТЕНДА“ – Приказни, Слики и Звуци во движење (Живи мемории во Југоисточна Европа), реализиран од граѓанската организација Центар за интеркултурен дијалог од Куманово, поддржан од Европската унија.

Претставата ќе биде играна во четири градови во Македонија. Во Куманово и Крушево претставата се одржа на 19-ти, 20-ти ноември и 16ти декември, а покрај Скопје, ќе се изведе и во Битола. На крајот, претставата, ќе гостува и во Романија, за што ќе биде преведена на влашки јазик.

М. Т.