Македонска поезија на кинески јазик

Post Image
Наскоро од печат ќе излезе Антологијата на современата македонска поезија – „Далеку на Запад“ (“Far away to the West”) на кинески јазик.

Антологијата ќе се печати во Тајван и ќе опфати 14 извонредни поети од Македонија. Преводот е на еминентниот поет и лауреат д-р Kuei-shien Lee од Тајван, а приредувач е поетесата Оливера Доцевска од Македонија.
Во антологијата се опфатени еминентни поети, од различни генерации: Панде Манојлов, Билјана Станковска, Пунторие Муча Зиба, Нехас Сопај, Трајче Кацаров, Џабир Дерала, Ирена Павлова Де Одорико, Виолета Танчева – Златева, Оливера Доцевска, Митко Гогов, Драгана Евтимова, Дарко Лешоски, Марина Мијалковска и Brit Lilit (Елена Пренџова).