Бесплатен превоз за настанот на Караванот на слободата во Струмица
Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Валандово, Богданци и Гевгелија за големиот мултимедијален настан во Струмица на 11 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected].
Автобусот во Гевгелија ќе ги чека посетителите од 16:45 кај паркингот Солун 53, а оттаму поаѓа во 17:10 часот. Во Богданци автобусот ќе ги чека заинтересираните од 17:30 до 18 часот кај автобуската станица, додека во Валандово од 18:30 до 19 часот пред Сани маркет. Посетителите ќе пристигнат во Струмица нешто пред почетокот на концертот во 20 часот, а ќе бидат вратени во своите градови веднаш по неговото завршување во 23 часот.
Граѓаните на овие општини можат да се пријават за да го искористат бесплатниот превоз на 02/5209176 или на [email protected], или на штандовите на Караванот на слободата, кои денес (среда 10 август) ќе бидат поставени во Валандово и Богданци од 14 до 16 часот, како и во Гевгелија на градскиот плоштад од 17 до 20 часот.
Во склоп на програмата на големиот мултимедијален настан во Струмица ќе се ќе се одржи дебата со поетот и новинар Ѓоко Калајџиев, активистката Ленче Христова и професорката Мирјана Најчевска, поетски читања на кои ќе учествуваат поетите Ѓоко Калајџиев, Митко Гогов и Наташа Василеска – Трајческа, уметнички работилници и изложбата „Слобода во боја“ на Митко Тошев, Калиопи Босиљанова и Ана Божијанова. За добра забава и музика на слободата ќе се погрижат бендовите Мугер Фугер (Mooger Fooger), Сетстет (Sethstat), Уајп аут (Wipe out) и ди-џејот Тед Детман (DЈ Ted Dettman).