Караванот на слободата пристигнува во Тетово

Post Image

Четвртиот мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата ќе се одржи утре (26 август) на Градскиот плоштад во Тетово.На големата сцена тетовчани ќе уживаат во звуците на музиката на слободата отсвирена од Мухамед Ибраими, К’пурдат, Пеце Суперхикс и Бени и Нон Стоп. Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја“, дебата и видео проекции. Continue reading

Петар Младеновски, музичар: Бидете слободни, не дозволувајте да ви го уништат животот!

Петар Младеновски е фронтмен на „Суперхикс“, еден од најпопуларните македонски бендови во последниве две децении не само во земјава туку и во регионот, познати по своите социјално ангажирани текстови кои зборуваат за состојбите во општеството. Continue reading

Караванот на слободата во полошкиот регион

Post Image

Караванот на слободата неделава, на 25 август (четврток) ќе допатува во општините Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште, Гостивар и Тетово. Настаните во четврток ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Тетово, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот во овој регион. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Гостивар, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Гостивар ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот. Continue reading

Караванот на слободата ги размрда и кавадарчани

Post Image

Караванот на слободата го одржа третиот голем мултимедијален настан во Кавадарци на 19 август. Тричасовниот концерт го отворија ПМГ Колектив, а по нив  настапија домаќините Смоук шејкерс, по што следуваа настапите на виртуозите од Шутка рома рап, а концертот заврши со акустичен настап на Бени и Нон Стоп. Continue reading

Дебата во Кавадарци: Македонија е потоната во сивило!

Post Image

Големиот мултимедијален настан кој како дел од Караванот на слободата, во петокот се одржа во Кавадарци, започна со дебатата на тема „Македонија: со или без слобода“. Во дебатата учествуваа Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка, Жарко Стеваноски, адвокат, Ненад Јовановиќ, граѓански активист и Душко Груевски од здружението на граѓани „За нас се работи“. Continue reading

Ирена Стеријовска, режисерка: Сѐ на светот почнува од идеја!

На денешната дебата на Караванот на слободата во Кавадарци, учествува режисерката Ирена Стеријовска, една од најгласните активистки на Шарената револуција. Со нас зборува за уметноста и слободата.

Continue reading

Караванот на слободата посети осум општини

Post Image

Караванот на слободата, ден пред големиот мултимедијален хепенинг во Кавадарци ги посети општините: Демир Капија, Неготино, Росоман, Долнени,Кривогаштани, Прилеп и Битола, и населеното место Дебреште, каде тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода делеа информативен материјал, разговараа со граѓанките и граѓаните, промовирајќи ги целите на Караванот. Continue reading

Караванот на слободата пристигна во Кавадарци

Post Image

Караванот на слободата денеска на пладне одржа прес конференција на која го најави утрешниот мултимедијален настан во Кавадарци. Тимот на ЦИВИЛ ги информираше присутните претставници на медиумите и граѓанските активисти од Кавадарци, за идејата на проектот и за сите содржини Караванот. Continue reading

Продолжува хуманитарната акција на Караванот на слободата

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со акциите за помош на настраданите од поплавите во скопско. На сите инфо-штандови кои во наредните два дена, 18-ти и 19-ти август, ќе ги посетат општините Демир Капија, Неготино, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Битола и Кавадарци, ќе бидат поставени и кутии за донации, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена. Continue reading