Шесто издание на WatchOut фестивалот во Тетово

Post Image

WatchOut, филмски фестивал под отворено небо, во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“, со поддршка на Гете Институтот од Скопје, денеска започнува со шестото издание во Тетово. Continue reading

Караванот на слободата со благодарност до градоначалниците – домаќини

Post Image

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули. Continue reading

ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Тетово достапен на Јутјуб

Post Image

Концертот на Караванот на слободата кој се одржа во Тетово на 26 август донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слободаContinue reading

Тетово: Уметноста не може без слободата!

Низ боите на слободата, уметниците од Тетово, Јакуп Амети и Славчо Максимовски, предводени од академскиот сликар, Мирослав Стојановиќ – Шуки,на отворен простор ја покажаа својата креативност и умешност. Continue reading

Тетовчани уживаа во звуците на слободата

Post Image

Караванот на слободата го одржа четвртиот голем мултимедијален настан во Тетово на 26-ти август. Тричасовниот концерт го отворија  Бени и Нон стоп, а по нив настапија домаќините Мухамед Ибраими и К’пурдат. Концертот заврши со настапот на Пеце од Суперхикс кој беше приружуван од Петрит Сарачини. Continue reading

Караванот на слободата пристигнува во Тетово

Post Image

Четвртиот мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата ќе се одржи утре (26 август) на Градскиот плоштад во Тетово.На големата сцена тетовчани ќе уживаат во звуците на музиката на слободата отсвирена од Мухамед Ибраими, К’пурдат, Пеце Суперхикс и Бени и Нон Стоп. Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја“, дебата и видео проекции. Continue reading

Караванот на слободата во полошкиот регион

Post Image

Караванот на слободата неделава, на 25 август (четврток) ќе допатува во општините Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште, Гостивар и Тетово. Настаните во четврток ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Тетово, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот во овој регион. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Гостивар, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Гостивар ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот. Continue reading

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

Post Image

Дефинирани се локациите и датумите на големите концерти на Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД. Continue reading

Тргна Караванот на слободата, одржани промоции во Скопје, Тетово, Прилеп и Струмица

Post Image

Караванот на слободата, кој со поддршка на УСАИД го спроведува ЦИВИЛ – Центарот за слобода, стартуваше и официјално минатата недела со скопската промоција во „Менада“.  На прес – конференцијата за медиумите, беше најавен проектот, предвидените активности, како и можноста за вклучување на сите оние кои создаваат ангажирана уметност. Continue reading

Караванот на слободата на ЦИВИЛ во медиумите

Post Image

Со целодневен мултимедијален настан и прес-конференција, која се одржа на 21-ви јули во „Менада“, официјално започна проектот Караван на слободата, во имплементација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД. Continue reading