Караванот на слободата со програма и на Дримон фестивалот во Струга

Утревечер, (сабота 30 јули), на плоштадот во Струга, во рамките на Дримон фестивалот, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Караванот на слободата ќе настапат со своја програма. Настанот започнува во 20 часот со ди-џеј сет на CIVIL Art Crew. Ќе следуваат поетски читања на Елена Пренџова и Теута Ајдини – Јегени, видео проекции на прилози на серија на наградени граѓански новинари, како и проекција на видео – арт филмот „Жнејачот “ на Џабир Дерала. Continue reading