Спектакуларен маратонски концерт на слободата!

Post Image

Кога ќе застанеш на сцената и ќе погледнеш – кон исполнетиот простор и преполните улички кои водат кон неа, кога ќе видиш насмеани луѓе, ќе чуеш џагор на повеќе јазици, млади и возрасни како здружено пеат и танцуваат во ритамот на слободата, знаеш дека целта е постигната.

Continue reading

Мобилна промоција на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата, кој во сабота на 1-ви октомври ќе се одржи во Скопје, во четвртокот беше промовиран со автомобилска тура низ градот и со посета на тимовите на ЦИВИЛ на повеќе скопски општини… Continue reading

Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Дерала: Уметниците имаат општествена одговорност да зборуваат за слободата!

„Уметниците имаат општествена одговорност да зборуваат и да творат за слободата и преку влијанието на уметноста да ја разбудат граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната прес-конференција, на која го најави финалниот, спектакуларен мултимедијален настан на Караванот на слободата што ќе се оддржи во сабота на 1-ви октомври, на скверот Јадран (кај „Арапска куќа“) во Скопје. Continue reading

Дарко Лешоски, поет: Уметниците платени да премолчат се најстрашни!

Дарко Лешоски е поет, кој со своите стихови ги помести границите на македонската современа поезија и успеа да ја доближи до публиката, особено на социјалните мрежи. Навидум срамежлив и повлечен, а сепак важи за еден од уметниците кои секогаш јасно го изразуваат својот став, па дури и по цена да бидат жестоко критикувани.

По повод завршниот концерт на Караванот на слободата кој ќе се одржи на 01 октомври, Лешоски подготви мало изненадување за скопската публика. Со него разговараме за уметноста и слободата. Continue reading

Штипскиот концерт на Караванот на слободата објавен на Јутјуб

Post Image

Караванот на слободата со голем концерт се претстави во Штип на 23-ти септември. Пред штипјани со звуците на слободата, покрај поетските перформанси и уметничката работилница, се претставија Бла, Бла, Бла…, Стринг Форсис и Тони Зен. Continue reading

„Ослободете се!“ – флеш моб на Караванот на слободата

Со цел да се промовира големиот спектакуларен концерт на Караванот на слободата во Скопје, тимовите на ЦИВИЛ во средата, спроведоа флеш-моб на плоштадот Македонија. На интересен начин, преку имитација на минувачите активистите го одвлекуваа нивното внимание и ја привлекуваа публиката. Потоа, со нив разговараа за слободата и ги поканија на спектаклот во сабота. Настан што ќе биде повеќе од концерт! Continue reading

Повик за активизам, соработка и приклучување кон тимовите на ЦИВИЛ

Post Image

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува своите членови, поддржувачи и граѓански  активисти, граѓанките и граѓаните да бидат дел од Караванот на слободата. Секој ден се организираат активности со кои ја претставуваме мултимедијалната програма на Караванот на слободата кој ќе се одржи в сабота, на Сквер Јадран (хотел Јадран), со почеток во 20 часот. Continue reading

Скопје во ритамот на слободата

Караванот на слободата овие неколку дена ќе организира серија настани кои започнуваат од денес (среда, 28 септември), во 12 часот, со флеш – моб перформанс посветен на слободата во центарот на градот. Потоа, во 16 часот во паркот во Чаир,  активистите на ЦИВИЛ ќе ја презентираат програмата за претстојните настани, ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите на Караванот, а настанот ќе вклучува и музички и поетски перформанси.  Continue reading