Караванот на слободата денеска низ источна Македонија

Post Image

Денес, со почеток во 12 часот, на плоштадот во Штип, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги најави денешните посети низ источна Македонија, како и утрешниот голем мултимедијален настан во Штип. Continue reading

Кристина Арнаудова, музичарка: Секој има право на свој став!

Кристина Арнаудова е поп-пејачка и авторка, која е присутна на големите концертни и фестивалски сцени во земјава речиси две децении. Се опишува себе си како перфекционист, дисциплиниран работник и човек со принципи, од кои тешко отстапува. Таа е уметница, која е свесна за својата улога во општеството како јавна личност и токму од тие причини инсистира јавно да ги сподели своите ставови, особено нагласувајќи ги нештата со кои не се согласува.

По повод нејзиниот настап на Караванот на слободата на завршниот концерт во Скопје, на 1 октомври, со неа зборуваме за уметноста, слободата и влијанието на уметниците во општеството. Continue reading

Караванот на слободата со голем концерт во Штип

Post Image

Шестиот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи овој петок, на 23 септември, во Штип. Освен концерт на Тони Зен, „Стринг форсис“ и „Бла бла бла…“, настанот ќе донесе и поетски читања, интересна дебата, практична уметничка работилница на отворено, инфо штандови, дџ-сетови и видео проекции.  Continue reading

Караванот на слободата низ источна Македонија

Post Image

Во четврток, 22 септември 2016, Караванот на слободата ќе ги посети општините Чешиново, Карбинци, Кочани, Радовиш и Свети Николе, каде ќе се промовира големиот мултимедијален настан, кој ќе се оддржи наредниот ден, 23 септември, во Штип. Настаните ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Штип, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Чешиново, Карбинци, Кочани, Радовиш и Свети Николе каде, активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Кочани ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот. Continue reading

Магдалена Саздовска, уметница: Уметноста го менува светот!

Магдалена Саздовска е млада, талентирана уметница од Куманово, магистер по сликарство, која работи како ликовен педагог. Досега учествувала на повеќе ликовни колонии и групни изложби во земјата и во странство. На Караванот на слободата во Куманово учествуваше во уметничката работилница „Слобода во боја“. Со неа разговаравме на тема уметноста и слободата Continue reading

Марија Јовановска, поетеса: За слобода треба храброст!

Марија Јовановска е млада и талентирана поетеса од Куманово. Твори од својата тринаесетта година, и учествувала на повеќе поетски настани во земјава. По нејзиниот настап на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово, на кој ја воодушеви публиката и измами аплаузи од своите сограѓани, разговаравме за уметноста и слободата. Continue reading

Големиот настан на Караванот на слободата во Штип поместен на 23 септември

Post Image

Во договор со општинските власти, големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата во Штип е поместен за идната недела и ќе се одржи во петок, на 23 септември. Главна причина за поместувањето е одржувањето на традиционалната „Пастрмајлијада“, која, покрај фестивалот „Макфест“, во овие години прерасна во значаен настан за градот и регионот. На овој начин, граѓанките и граѓаните на Штип ќе имаат можност да ги проследат музичките и други активности на двата настани, што ќе придонесе за уште поголемо и подолготрајно уживање на штипјани и збогатување на забавната и музичката понуда во овој регион. Continue reading

Арсим Јонузи, поет: Слободата значи да немаш страв!

Арсим Јонузи е поет, автор на две книги, збирка поезија и збирка на есеи. До сега учествувал на повеќе различни манифестации и поетски конкурси. По неговиот настап на големиот мултимедијален хепенинг, на Караванот на слободата во Куманово со него зборувавме за слободата и уметноста. Continue reading

ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Куманово достапен на Јутјуб

Концертот на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слободаContinue reading

Дориан Јовановиќ, „Стринг форсис“: Ни требаат промени!

„Стринг форсис“ (String Forces) се реномиран македонски бенд, формиран во 1995 година. До сега имаат изададено четири албуми, музика за филм, а имаат забележано и многубројни настапи на концертните и фестивалските сцени низ Македонија и на Балканот. Низ овие две децении творештво, нивната музика еволуираше од прогресив рок со дискретни традиционални мотиви до World Fusion базиран на традиционалната македонска чалгија со електронска позадина.

По повод нивниот настап на 23 септември во Штип на еден од големите мултимедијални настани на Караванот на слободата, зборувавме со Дориан Јовановиќ, фронтменот на бендот, за слободата и уметноста. Continue reading