Бени и Нон Стоп со жесток настап на концертот во Скопје

По отворањето на големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата во Скопје на 1 октомври со настапот на Кристина Арнаудова, на сцената на Јадран сквер настапија Бени и Нон Стоп, кои ја вжештија до усвитување атмосферата и ја разиграа публиката. Свирката на еден од најпопуларните македонски состави, кој на сцената донесе комбинација на своите популарни хитови со хитови на други изведувачи  не остави никого рамнодушен.

Последниот од низата концерти кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Настанот во Скопје, на кои настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста за кој уште долго ќе се зборува. Во продолжение следи дел од атмосферата за време на настапот на Бени и Нон Стоп. Continue reading

Спектакуларен маратонски концерт на слободата!

Post Image

Кога ќе застанеш на сцената и ќе погледнеш – кон исполнетиот простор и преполните улички кои водат кон неа, кога ќе видиш насмеани луѓе, ќе чуеш џагор на повеќе јазици, млади и возрасни како здружено пеат и танцуваат во ритамот на слободата, знаеш дека целта е постигната.

Continue reading

Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Караванот на слободата ги размрда и кавадарчани

Post Image

Караванот на слободата го одржа третиот голем мултимедијален настан во Кавадарци на 19 август. Тричасовниот концерт го отворија ПМГ Колектив, а по нив  настапија домаќините Смоук шејкерс, по што следуваа настапите на виртуозите од Шутка рома рап, а концертот заврши со акустичен настап на Бени и Нон Стоп. Continue reading

Стотици велешани на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата

Post Image

Караванот на слободата , минатиот петок, на 5 август 2016, го одржа својот прв голем мултимедијален хепенинг во Велес.
На тричасовната концертна програма, под наслов „Музика на слободата“, се најдоа Бени и Нон Стоп, Лазар Ставров (Д’ Гандис) и Ле Ман. Нивните настапи беа ретко доживување за велешката публика, која го наполни Амфитеатарот и Младинскиот парк во овој град. Continue reading

Концерт на Бени и Нон Стоп: Ако имаме слобода, имаме сé

Бени и Нон Стоп, настапија на Караванот на слободата на 5 август во Велес. Околу час и половина ги забавува велешани со своите хитови меѓу кои и најновата песна „Нема правда, нема мир“.  Continue reading

Бени Шаќири: Човек ако нема слобода, нема ништо

Бени и Нон-Стоп е бенд кој успешно опстојува на сцената повеќе од 15 години, со свој препознатлив звук и стил. Покрај фактот што денес се еден од најпрепознатливите имиња на македонската рок сцена, овие момци преку својата музичка приказна совршено говорат за нивната свесност и општествена ангажираност. Continue reading

Караванот на слободата со голем концерт во Велес

Post Image

Бени и Нон стоп, Ле ман и Лазар Ставров на Караванот на слободата во Велес. Првиот од серијата 9 големи концерти и 27 мултимедијални настани, што ќе ги реализира ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од УСАИД, е закажан за петок, 5 ти август,  во Младинскиот парк (Амфитеатар) во Велес. Continue reading