CLOSE

Blog Grid

Awesome blog grid

ВИДЕО: Уметничка работилница и изложба „Слобода во боја“ во Струмица

август, 16Вести

Уметничката работилница и изложбата „Слобода во боја“ како дел од мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Струмица, беа посветени и на настраданите во поплавените подрачја во скопскиот регион. Работилницата ја водеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, а посетителите имаа можност активно да учествуваат со создавање на свое дело на тема слобода.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Post Image

Караванот на слободата во тиквешкиот и пелагонискиот регион

август, 16Вести

Во четврток, на 18-ти август, Караванот на слободата ќе ги посети општините Демир Капија, Неготино, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Битола и Кавадарци и населеното место Дебреште. Мултимедијалниот настан започнува во 12:00 часот на плоштадот во Кавадарци со прес-конференција за локалните медиуми. Потоа, Караванот ќе се упати во соседните општини, Неготино, Долнени, Дебреште, Кривогаштани и Прилеп, каде активисти на Караванот ќе ги презентираат претстојните настани и нивниот распоред. Оттаму, Караванот ќе продолжи кон Битола, каде во текот на денот и вечерта ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18:00 часот.  Continue reading

Post Image

Караванот на слободата – дел од АКТО фестивалот во Битола

август, 16Вести

Со учество на дебата на тема „Како треба да ги оправдаат средствата граѓанските организации ?“, Караванот на слободата организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во неделата (14-ти август) беше дел од единаесеттото  издание на фестивалот за современи уметности АКТО во Битола. На дебатата учестуваше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој како претставник на Караванот на слободата зборуваше за довербата како клучен момент за успешна работа на една организација.  Continue reading

Post Image

Голем мултимедијален хепенинг во Струмица

август, 16Вести

Караванот на слободата го одржа вториот голем мултимедијален хепенинг во Струмица на 11 август. На три иполчасовниот концерт настапија бендовите Mooger Fooger, Sethstat и Wipe Out кои, преку музиката, испратија гласни пораки за слобода. На големата сцена настапија и поети, а во текот на вечерта се одржаа ликовна работилница и изложба под заеднички наслов „Слобода во боја“. Continue reading

Post Image

Музика, бои и стихови на слободата во Струмица

август, 11Uncategorized

Караванот на слободата пристигнува во Струмица со голем мултимедијален настан денеска. Во Градскиот парк, кај Споменикот на револуцијата, со почеток во 15 часот ќе се одржат работилници на познати визуелни уметници, како и работилници за граѓанско новинарство, поетски перформанси и голем концерт до нешто пред полноќ.  Continue reading

Сеад Хаџиќ, музичар: Уметноста е жртва

август, 10Вести

Мугер Фугер е македонски инди-рок бенд формиран во 2004 година. Името на бендот произлегува од аналогните педали „Мooger fooger“. Препознатливи се по испреплетувањето на повеќе жанрови и влијанија од неопсиходеличната музика, пост панкот, алтернативната музика, фанкот и рапот. Тие се бенд кој успева да направи симбиоза на она што навидум е неспоиво, преку соработка реализирана со силни индивидуалци. Пред нивниот настап на концертот на Караванот на слободата во Струмица на 11ти август,  со Сеад Хаџиќ – Сецко, идеен творец на бендот, зборуваме за уметноста и слободата. Continue reading

Бесплатен превоз за настанот на Караванот на слободата во Струмица

август, 10Вести

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Валандово, Богданци и Гевгелија за големиот мултимедијален настан во Струмица на 11 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected].

Continue reading

Владан Дробицки, Сетстет: Општеството, а не уметникот, треба да се жртвува за слободата!

август, 10Вести

Сетстет (Sethstat) е  најдолговечниот македонски џез бенд. На сцената се речиси четврт век, но се бенд кој успешно се вклопува во модерното време, не заборавајќи на традиционалното во уметноста. Преку комбинација на модерни инструменти, повеќе џез правци и традиционален призвук, создаваат оригинална приказна која навистина има што да каже. Во своите композиции, освен традиционалните и слободни џез форми, користат фолк ритам, мелодии и мотиви како позадина, што ја прави нивната музика уникатна. Зад нив се неколку албуми, а настапувале на многу џез фестивали, во речиси сите клубови и концертни сали низ Македонија и пошироко во регионот: Белград, Будимпешта, Загреб, Сараево, Нови Сад… Continue reading

Post Image

Караванот на слободата во Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци

август, 9Вести

Утре, (среда, 10 август 2016), Караванот на слободата ќе допатува до Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци. Настаните ќе започнат во 14 часот во центарот на Валандово, Богданци и Дојран со ди-џеј сетови и проекции на артистите и презентации од страна и активистите на Караванот за претстојните настани и нивниот распоред. Караванот потоа ќе продолжи кон Гевгелија, каде во текот на денот и вечерта ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

Инаку, и Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата.На сите инфо-штандови, кои во наредните два дена, 10 и 11 август, ќе ги посетат општините Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија, ќе бидат поставени и кутии за донации за настраданите од поплавите, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Leaflet Strumica 02a

Од Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Струмица, кој се одржува ден потоа, во четврток, 11 август. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

 

CLOSE
Chill The Funkle Gods In Other People Chillstep part two Matt Corby - Brother (Kygo Remix) Dream Away (Instrumental)