Магдалена Саздовска, уметница: Уметноста го менува светот!

Магдалена Саздовска е млада, талентирана уметница од Куманово, магистер по сликарство, која работи како ликовен педагог. Досега учествувала на повеќе ликовни колонии и групни изложби во земјата и во странство. На Караванот на слободата во Куманово учествуваше во уметничката работилница „Слобода во боја“. Со неа разговаравме на тема уметноста и слободата Continue reading

Марија Јовановска, поетеса: За слобода треба храброст!

Марија Јовановска е млада и талентирана поетеса од Куманово. Твори од својата тринаесетта година, и учествувала на повеќе поетски настани во земјава. По нејзиниот настап на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово, на кој ја воодушеви публиката и измами аплаузи од своите сограѓани, разговаравме за уметноста и слободата. Continue reading

Големиот настан на Караванот на слободата во Штип поместен на 23 септември

Post Image

Во договор со општинските власти, големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата во Штип е поместен за идната недела и ќе се одржи во петок, на 23 септември. Главна причина за поместувањето е одржувањето на традиционалната „Пастрмајлијада“, која, покрај фестивалот „Макфест“, во овие години прерасна во значаен настан за градот и регионот. На овој начин, граѓанките и граѓаните на Штип ќе имаат можност да ги проследат музичките и други активности на двата настани, што ќе придонесе за уште поголемо и подолготрајно уживање на штипјани и збогатување на забавната и музичката понуда во овој регион. Continue reading

Арсим Јонузи, поет: Слободата значи да немаш страв!

Арсим Јонузи е поет, автор на две книги, збирка поезија и збирка на есеи. До сега учествувал на повеќе различни манифестации и поетски конкурси. По неговиот настап на големиот мултимедијален хепенинг, на Караванот на слободата во Куманово со него зборувавме за слободата и уметноста. Continue reading

ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Куманово достапен на Јутјуб

Концертот на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слободаContinue reading

Дориан Јовановиќ, „Стринг форсис“: Ни требаат промени!

„Стринг форсис“ (String Forces) се реномиран македонски бенд, формиран во 1995 година. До сега имаат изададено четири албуми, музика за филм, а имаат забележано и многубројни настапи на концертните и фестивалските сцени низ Македонија и на Балканот. Низ овие две децении творештво, нивната музика еволуираше од прогресив рок со дискретни традиционални мотиви до World Fusion базиран на традиционалната македонска чалгија со електронска позадина.

По повод нивниот настап на 23 септември во Штип на еден од големите мултимедијални настани на Караванот на слободата, зборувавме со Дориан Јовановиќ, фронтменот на бендот, за слободата и уметноста. Continue reading

Караванот на слободата со благодарност до градоначалниците – домаќини

Post Image

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули. Continue reading

Елена Пренџова, поетеса: Да избереме да бидеме слободни!

Елена Пренџова е поетеса, која покрај восхитувачката умешност за поезија и интерпретација со силен емотивен набој, е и голем вљубеник во слободата. За себе вели дека е урбана поетеса, која задоволствата и незадоволствата од градот во кој живее ги преточува во песна. Родена е во 1985 година. Има освоено повеќе награди, како „Македонска книжевна авангарда“, најдобар поет на интернационалните „Први регионални поетски средби“ во Брчко, Босна и Херцеговина, добитничка на прва и специјална награда на Мелничките вечери на поезијата во Бугарија во 2007 и 2011 година, наградата „Бели мугри“ што ја доделува Домот на култура „Кочо Рацин“. Continue reading

Дерала експлодираше во Куманово!

На мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, меѓу поетите кои настапија на големата сцена, свој перформанс имаше и Џабир Дерала. Во продолжение е видеото од неговиот експлозивен настап кој ја воодушеви кумановската публика.  Continue reading

Уметниците порачуваат: можеме да ја смениме реалноста!

Уметниците, кои учествуваа на петиот мултимедијален настан во Куманово, ја пренесоа својата позитивна енергија и слободарски дух во разговорите кои ги направивме пред и за време на концертот.

Со нив зборувавме за тоа што претставува слободата, колку уметниците во Македонија се општествено активни и одговорни, колку треба да жртвуваат за слободата и кои се нивните пораки за КараванотContinue reading