Слободата татнеше во Куманово

Post Image

„Добро вечер Куманово! Кога ќе се соберат повеќе луѓе од различни, национални, религиозни, полови определби на едно место да уживаат во моментот и во музиката – е тоа е слобода!“ – извика Тони Зен, кралот на рапот, како што го најавија неговите колеги од Шутка Рома Рап, го започна својот енергичен настап, а она што се случуваше на плоштадот во Куманово беше само потврда на неговите зборови. Continue reading

Дебата на слободата во Куманово

Post Image

Уметничкото творештво низ песната на поетот, на пејачот и ликовната творба на сликарот примарно ја артикулира уметничката, а потоа општествената потреба за слобода. Цензурата во Македонија е евидентна, но одговорноста на уметниците и интелектуалците доаѓа до израз токму во вакви времиња.  Continue reading

Пеце „Суперхикс“, Тони Зен, „Бла Бла Бла…“ и „Шутка Рома Рап“ вечерва со звуци на слободата во Куманово

Post Image

На големата сцена на Градскиот плоштад во Куманово, вечерва во 20 часот ќе започне петиот мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата, на кој ќе настапат Пеце „Суперхикс“, Тони Зен, „Бла Бла Бла…“ и „Шутка Рома Рап“. Покрај музиката на слободата на сцената ќе настапат и поетите Елена Пренџова, Бјондина Шерифи, Марија Јовановска, Арсим Јонузи и Митко Гогов. Continue reading

В петок во Куманово – голем мултимедијален настан на Караванот на слободата!

Post Image

На 2 септември во Куманово ќе се одржи четвртиот голем мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата. На големата сцена на Градскиот плоштад, кумановчани ќе уживаат во звуците на „Музиката на слободата“ отсвирена од Пеце „Суперхикс“, „Бла Бла Бла…“, Тони Зен и „Шутка рома рап“.

Меѓу главните активности на овој настан е и дебатата на тема „Македонија: со или без слобода“, која ќе започне од 18:30 часот во просториите на „Комитетот“ во Куманово. Continue reading

Тони Зен, музичар: Треба да се разбудиме и вистински да ја доживееме слободата!

Тони Зен е еден од најуспешните и најпопуларните македонски рапери и продуценти. Повеќе од една деценија настапува како соло артист, а и како член на групата  „Урбана димензија”. Музиката којашто ја изведува е честопати збогатена со општествено ангажирани текстови, кои зборуваат за проблемите со кои обичните луѓе, младите особено, се соочуваат во секојдневниот живот.

Тој е еден од ангажираните уметници кои му се придружија и го поддржаа Караванот на слободата, на кој ќе настапи во Куманово на 2 септември, во Штип на 16 септември и на еден од скопските концерти на 30 септември. По тој повод, со него зборуваме за уметноста и слободата.   Continue reading

ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Тетово достапен на Јутјуб

Post Image

Концертот на Караванот на слободата кој се одржа во Тетово на 26 август донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слободаContinue reading

Караванот на слободата неделава во Кумановско

Post Image

Во четврток, на 1 септември 2016, Караванот на слободата ќе допатува во Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка. Во 12 часот на плоштадот во Куманово, тимот на организаторот ЦИВИЛ ќе одржи прес-конференција, на која ќе ја презентира програмата на големиот мултимедијален настан во Куманово и на претстојните активности на Караванот во овој регион во текот на денот. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот.
Подоцна во текот на денот и вечерта во Крива Паланка ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот. Continue reading

Идриз Амети, „Бла Бла Бла…“: Слободата е чувство!

„Бла Бла Бла…“ се рок бенд од Скопје. Формирани во 1988 година, по речиси тридецениско опстојување на рок сцената, до сега имаат издадено повеќе албуми и забележано повеќе самостојни концерти, како и настапи на десетици големи фестивали во земјата и надвор од неа. Кај публиката во регионот уживаат статус на култен бенд, кој не кокетира со популарноста и не прави компромиси со својата уметност. Честопати со нивните настапи демонстрирале општествен ангажман. Последен пат тоа беше со нивниот самостоен концерт минатата година, на кој собираа средства за бегалците од Сирија, а учествувале и во многу граѓански иницијативи, проекти и концерти посветени на мирот и соживотот, како и на правата на лицата со посебни потреби. Continue reading

Тетово: Уметноста не може без слободата!

Низ боите на слободата, уметниците од Тетово, Јакуп Амети и Славчо Максимовски, предводени од академскиот сликар, Мирослав Стојановиќ – Шуки,на отворен простор ја покажаа својата креативност и умешност. Continue reading

Тетовчани уживаа во звуците на слободата

Post Image

Караванот на слободата го одржа четвртиот голем мултимедијален настан во Тетово на 26-ти август. Тричасовниот концерт го отворија  Бени и Нон стоп, а по нив настапија домаќините Мухамед Ибраими и К’пурдат. Концертот заврши со настапот на Пеце од Суперхикс кој беше приружуван од Петрит Сарачини. Continue reading