Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Дерала: Уметниците имаат општествена одговорност да зборуваат за слободата!

„Уметниците имаат општествена одговорност да зборуваат и да творат за слободата и преку влијанието на уметноста да ја разбудат граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната прес-конференција, на која го најави финалниот, спектакуларен мултимедијален настан на Караванот на слободата што ќе се оддржи во сабота на 1-ви октомври, на скверот Јадран (кај „Арапска куќа“) во Скопје. Continue reading

Дарко Лешоски, поет: Уметниците платени да премолчат се најстрашни!

Дарко Лешоски е поет, кој со своите стихови ги помести границите на македонската современа поезија и успеа да ја доближи до публиката, особено на социјалните мрежи. Навидум срамежлив и повлечен, а сепак важи за еден од уметниците кои секогаш јасно го изразуваат својот став, па дури и по цена да бидат жестоко критикувани.

По повод завршниот концерт на Караванот на слободата кој ќе се одржи на 01 октомври, Лешоски подготви мало изненадување за скопската публика. Со него разговараме за уметноста и слободата. Continue reading

Скопје во ритамот на слободата

Караванот на слободата овие неколку дена ќе организира серија настани кои започнуваат од денес (среда, 28 септември), во 12 часот, со флеш – моб перформанс посветен на слободата во центарот на градот. Потоа, во 16 часот во паркот во Чаир,  активистите на ЦИВИЛ ќе ја презентираат програмата за претстојните настани, ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите на Караванот, а настанот ќе вклучува и музички и поетски перформанси.  Continue reading

Промовотивна тура на Караванот на слободата по скопските општини

Post Image

Со мегафони и музика и со делење на информативни материјали, активистите на ЦИВИЛ -Центар за слобода ги информираа скопјани за спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата што ќе се одржи во сабота, на 1-ви октомври во Скопје. Continue reading

Караванот на слободата ја започна промоцијата на скопскиот мултимедијален настан

Post Image

Караванот на слободата од денес започна со активностите за промоција на големиот мултимедијален настан кој ќе се одржи на 1-ви октомври во Скопје. ЦИВИЛ – Центар за слобода постави инфо-штанд на улица „Македонија“ каде неколку часа граѓан(к)ите на Скопје можеа да се информираат за програмата на настанот и за целите на Карванот. Continue reading

Стартува скопската недела на Караванот на слободата

Post Image

На платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, денес, во 14 часот, ЦИВИЛ ќе го најави големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата кој ќе се одржи овој петок (1 октомври). На инфо-штандот покрај информативен материјал, ќе има фото-петиција и диџеј-сетови на CIVIL Art Crew. Continue reading

Караванот на слободата со благодарност до градоначалниците – домаќини

Post Image

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули. Continue reading

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

Post Image

Дефинирани се локациите и датумите на големите концерти на Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД. Continue reading

Тргна Караванот на слободата, одржани промоции во Скопје, Тетово, Прилеп и Струмица

Post Image

Караванот на слободата, кој со поддршка на УСАИД го спроведува ЦИВИЛ – Центарот за слобода, стартуваше и официјално минатата недела со скопската промоција во „Менада“.  На прес – конференцијата за медиумите, беше најавен проектот, предвидените активности, како и можноста за вклучување на сите оние кои создаваат ангажирана уметност. Continue reading