За дебатата „Градоначалниците и слободата“, дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, ЦИВИЛ Медиа направи видео-интервјуа со исти прашања, со градоначалниците Изет Меџити (Чаир), Илчо Захариев (Штип), Ратко Димитровски (Кочани) и Андреј Жерновски (Центар).
За одличниот финиш на серијата големи мултимедијални настани со скопскиот концерт на Караванот на слободата, заслужни се уникатните Шутка Рома Рап, на чии стихови и ритам никој не може да остане рамнодушен. Нивниот едночасовен перформанс на крајот на неколкучасовниот концерт на Јадран сквер донесе многу музичка виртуозност, забава, хумор, што повторно ја разигра и развесели присутната публика. Во продолжение е видео записот од нивниот феноменален настап.
Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.
Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.
Енергичната слободарска атмосфера на последниот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата на сквер Јадран во Скопје дополнително се вжешти за време на настапот на популарниот хип-хоп артист Тони Зен, овој пат, придружуван со одличен бенд. Нивната квалитетна изведба и пораките испратени преку ангажираните текстови предизвикаа бурни емоции и реакции и не ги оставија рамнодушни многубројните посетители.
Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа во изминатиов летен период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.
Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани низ земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.
Мугер Фугер – момците кои се препознатливи по испреплетувањето на повеќе музички жанрови во своите песни приредија незаборавна забава на скопскиот концерт на Караванот на слободата кој се одржа на 1 октомври. Преку нивниот енергичен настап тие потврдија дека човековата слобода им е подеднакво важна колку и слободата на нивниот музички израз. Во продолжение следува видео запис како дел од незаборавната журка која и ја приредија на скопската публика. Continue reading →
Дел од програмата на спектакуларниот концерт на Караванот на слободата на 1 октомври во Скопје беа и енергичните Лилит и Амон Мра, чии магични и езотерични звуци комбинирани со жестоки рифови ги однесоа присутните на сквер Јадран на едно несекојдневно музичко патување. Нивниот настап, на кој беа претставени песни и од новиот материјал и звук на бендот но и старите хитови, го проследи многубројната публика, која танцуваше и пееше во ритамот на слободата. Continue reading →
По отворањето на големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата во Скопје на 1 октомври со настапот на Кристина Арнаудова, на сцената на Јадран сквер настапија Бени и Нон Стоп, кои ја вжештија до усвитување атмосферата и ја разиграа публиката. Свирката на еден од најпопуларните македонски состави, кој на сцената донесе комбинација на своите популарни хитови со хитови на други изведувачи не остави никого рамнодушен.
Последниот од низата концерти кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Настанот во Скопје, на кои настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста за кој уште долго ќе се зборува. Во продолжение следи дел од атмосферата за време на настапот на Бени и Нон Стоп. Continue reading →
Настапот на Кристина Арнаудова ја разгоре атмосферата на завршниот спектакуларен концерт на Караванот на слободата, кој се одржа минатата сабота, на 1 октомври во Скопје.
Нејзината спонтаност и комуникцијата со публиката ја разбранува позитивната енергија уште на самиот почеток на целовечерниот спектакл на Јадран сквер, на кој настапија повеќе популарни бендови, поети и визуелни уметници од земјава. Во продолжение е видео записот од нејзиниот перформанс. Continue reading →
Кога ќе застанеш на сцената и ќе погледнеш – кон исполнетиот простор и преполните улички кои водат кон неа, кога ќе видиш насмеани луѓе, ќе чуеш џагор на повеќе јазици, млади и возрасни како здружено пеат и танцуваат во ритамот на слободата, знаеш дека целта е постигната.
Големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата, кој во сабота на 1-ви октомври ќе се одржи во Скопје, во четвртокот беше промовиран со автомобилска тура низ градот и со посета на тимовите на ЦИВИЛ на повеќе скопски општини… Continue reading →