„Мислам дека уметниците не се свесни за својата одговорност. И јас не сум бил, во одредени моменти, воопшто. Сум бил насочен кон тоа да го претставам идентитетот на артистот, што на сите очигледно ни е целта. Не да се претставиме вистински, јас сум овој извор, оваа љубов, оваа слобода сум јас… Не, цело време низ идентитети… Овие ќе ме видат, па морам ова да го кажам, вака да изгледам… И, автоматски, уметниците го прават тоа што го сака таа дисфункционалност на свеста да го види. Со исклучок на уметници и артисти кои будно творат, работат, пренесуваат пораки, но малкумина се“, рече музичарот Тони Зен на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која како дел од мултимедијалниот настан на Караванот на слободата се одржа во Штип. Continue reading →